Press "Enter" to skip to content

Привршува поставувањето на топловодот на првиот дел од улицата “Партизанска“ во Битола

Привршува поставувањето на топловодот во Битола на првиот дел од улицата “Партизанска“, на потегот од крстосницата “Триангл“ до крстосницата кај “Ловец“.

По асфалтирањето на делницата, продолжува изградбата на кракот од топловодот по улицата “Партизанска“.Паралелно, на другата страна од градот, започнаа активностите за изградба на кракот од топловодот по улицата “Иван Милутиновиќ“. Првата фаза во должина од 230 метри се протега од “Дулие“ до крстосницата со улица “Наум Наумовски Борче“.

Изградбата на топлификацискиот систем од РЕК “Битола“ до Битола се одвива согласно предвидената динамика. Досега се поставени околу 13 километри топловодни цевки низ Пелагонија, а низ битолските улици треба да бидат изградени 10,5 километри топловод.

More from ВестиMore posts in Вести »