Младински културен центар ‒ Битола изминатите 2 недели организираше волонтерска акција за донирање на прехрамбени производи и средства за лична хигиена, во рамките на акцијата Ден на добри дела 2024. Граѓаните донираа во просториите на МКЦ-Битола и два дена на штандот на Широк сокак во Битола.
Волонтерите ги селектираа и пакуваа прозводите и како хуманитарни пакети ги донираа на корисничките во Женскиот центар за поддршка Битола, за жени жртви на родово базирано и семејно насилство.
-Оваа донација многу им значи на нашите кориснички кои ќе можат да ги покријат основните животни потреби извесен период. Дел од нив скоро ги имаат напуштено насилните средини, немаат никакви приходи и ваква помош и поддршка им е повеќе од потребна, изјавија од Женскиот центар за поддршка Битола.
-Денот на добри дела ја поттикнува солидарноста, хуманоста и помагањето на ранливи и маргинализирани групи во општеството. Им благодариме на сите граѓани на Битола кои донираа и на волонтерите вклучени во акцијата. Производите ги добија оние на кои им се најпотребни, изјави Ирена Туфекчиева, програмски координатор во МКЦ-Битола.
МКЦ-Битола е една од водечките волонтерски организации во нашата земја што го иницира, координира и организира првиот Ден на добри дела во Македонија, со различни активности. Денот на добри дела е меѓународен ден на волонтерска и хуманитарна работа што започнал да се прославува од 2007 година, како иницијатива на непрофитна организација и има за цел да ги обедини луѓето од целиот свет да прават добри дела за другите жители на планетата.

Ден на добри дела во Битола: донација за женскиот центар за поддржка во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени





