Press "Enter" to skip to content

Младинската иницијатива “Викенд за млади-Практикувај активизам“ во Битола (фото)

Од денес во Битола почна да се спроведува младинската иницијатива “Викенд за млади-Практикувај активизам“ која што се спроведува во рамките на проектот “Млади за инклузија еднаквост и доверба“ подржан од УНФПА и МОФ во соработка со Europe House Bitola.-Оваа младинска иницијатива ќе се одвива два дена и ќе нуди различни едукативни работилници, различни активности за запознавање и вмрежување како работилници за јавно говорење, ментално здравје, запознавање со ЛМС, бељот турнир, запознавање на волонтерите од СФЕРА ИНТЕРНЕШНЛ и настанот ќе заврши со забава на бендот “Tsar von time“, вели Евгенија Маслинко како координатор на проектот, Мила Бошевска и Бојан Неданоски и додаваат:-Овој проект има за цел да ги зближи младите повеќе, да ги запознае со младинските организации и да ги поттикне да бидат повеќе вклучени. Истиот е реализиран од страна на тим од тројца мотивирани млади кои што сакаат да направат промени во соработка со Europe House Bitola.

More from ВестиMore posts in Вести »