Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: во дуќан со закана одземен мобилен телефон , син нападнал мајка и татко, физички напад на колешка во средно училиште, физички напад кај Саат кулата

На 18.04.2024 во 13.00  часот во  СВР Битола, К.К. (48) од Битола пријавил дека во неговата  продавница за мобилни телефони едно лице со закана со остар предмет му одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 18.04.2023 во СВР Битола, 57 – годишна жена од Битола пријавила дека во семејниот дом, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 18.04.2024 во СВР Битола, М.Н.(46) и В.Н. (45), двајцата од Битола, пријавиле дека во Градскиот пазар биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 18.04.2024 во СВР Битола, В.Ч. (46) од Битола пријавил дека кај Саат кулата во Битола бил каснат од куче скитник.

На 18.04.2024 во СВР Битола, Е.Б. (25) од Битола пријавила дека во двор на основно училиште во Битола била касната од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »