По победата на Еурофарм Пелистер од Битола во Охрид над истоимената екипа, Бојан Стерјев дел од Управата на клубот за огромната поддршка која ја имаа ракометарите во салата “Билјанини извори“ рече:
-Ние сме дефинитивно најракометниот град, не е битно каде играме, секогаш имаме огромна поддршка од битолчани и “Чкембари“. Битола успеваме, Битола радувај се, радувај се затоа што заслужуваш. Да живее Битола, да живее ракометот и спортот во Битола!






