Вечерва во Битола во Народниот театар претседателскиот кандидат на “Левица“, Билјана Ванковска пред битолачани ја претстави својата програма, а покрај неа зборуваа и претседателот на Левица, Димитар Апасиев и Јована Мојсоска, носител на листа во Изборната единица 5.
Митингот во Битола Билјана Ванковска го започна со пораки до присутните дека е среќна што токму Битола е местото кое и ја дало најголемата поддршка за време на собирање на потписите.
-Јас знам дека нема потреба да ве убедувам. Ние сме една црвена армија која во среда ќе извојува победа. Јас програмата ја напишав толку рано што сите имаа можност да ја видат. Ја видоа и моите противкандидати па почнаа да преземаат. Ете утре ќе имаат можност утре да дојдат на тенок мраз да видиме кој на што стои и да го бранат она што го раскажуваат деновиве, рече Ванковска, порачувајќи дека “Левица“ го тресе темелот на ова општество.
-Моите противкандидати велат ќе ја направеле европска Македонија. Целава приказна за ЕУ јас сакам да ја боцнам како балон и да се види дека зад таа приказна нема бајка. Велат ќе го славеле 9 мај – Денот на Европа. Тоа е измислена работа. 9 Мај е Ден на победа над фашизмот. А, Битола градот на Стив Наумов, не трпи фашизам. Денес ние се соочуваме и со неофашизам. Јас не велам дека ние не припаѓаме на Европа. Напротив, ние припаѓаме на Европа, но не и на Европската унија. Ми замеруваат дека многу сум зборувала за Палестина, за Газа. Па зарем она што нас ни го направија со Преспанскиот договор не е геноцид. И уште утре, на соочување, ќе треба да се објаснува дали сум про ЕУ или анти ЕУ. Не, јас сум про Македонија. Јас сум про македонска сила, истакна Ванковска.
Денес Македонија е урната земја, но не е урната за еден ден вели Ванковска. Спред неа систематски не уриваат веќе 30 години. Едните владеат од позиција на централно, другите на локално ниво. И си ги менуваат местата.
Претседателот на “Левица“, Димитар Апасиев при своето обраќање покрај другото уште еднаш ги повтори петте постулати, а својот говор го започна, со како што рече, им викале дека неможат да ја затворат топилници во Велес, а тие ја затворија, потоа и за бугарскиот клуб во Битола дека не можеле да го затворат и дека и тој го затворија, а ќе ги затвориме и “учките“ за хашките случаи.
За понудата на ВМРО-ДПМНЕ за ненапаѓања Апасиев рече дека е касно откако Мицковски виде дека фаворизираниот Максо нема да му донесе ниту два пратеника, откако виде дека балистите од Тетово ќе го условуваат со претседател да се бирал во Собрание, окако виде дека нема со кого, сега му текна тој ќе давал рака. Касно е бе друже да даваш рака, рече Апасиев, и порача и дека немаат допирни точки.
-Уште одамна им ја понудивме нашата македонска платформа која ќе биде пандан на нивната Тиранска. Македонската платформа за унитарна Македонија има има пет точки, опфатена е унитарноста на државата, нема преговори за дводомен парламент, не преговараат за конститутивни делови од народ, ќе ја вратиме територијалната поделба, и ќе ги вратиме инсигниите на државата, знамето и грбот да бидат на цела теритотија на државата. Сакате прифатетеја, бујрум, сакате не ја прифаќајте нема ништо од нашата соработка, им порача Апасиев.
На митингот зборуваше и носителот на листата за кандидати за пратеници во ИЕ5, Јована Мојсоска, која рече:
–Не дозволувајте да ве обземе лузерскиот менталитет на еден послушник на странците олицетворен во ликот на Стево Пендаровски, кој упорно тврди дека Македонија мора да го промени Уставот затоа што како мала држава толку можеме?! Напротив, оваа мала држава раѓала големи херои и државници, кои биле спремни да гинат за идеалите во кои веруваат. Ние како генерација, не смееме да потонеме во овој авто-колонијалистички менталитет, затоа што тоа им го должиме на Стив Наумов, на Елпида Караманди, тоа го должиме на Вангел Нечевски-Тунелот, на Вангел Тодоровски-Мајорот, на Фана Кочовска Цветковиќ, тоа го должиме на Естреја Овадија Мара. Македонскиот народ нема од што да се срами. Македонскиот народ во својата генеза ги носи слободарските традиции на АСНОМ и македонскиот народ секогаш бил на правилната страна на историјата!
[ngg src=”galleries” ids=”1952″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






