Драги сограѓани, Ве покануваме да ни се придружите на велигденскиот хепенинг во организација на ЈП ,,Пазари’’ Битола!
На ден 07.05.2024 (вторник) во 12:00 часот, во дворот на управната зграда на Јавното Претпријатие Пазари-Битола, ќе го прославиме најсветлиот празник во годината.
На настанот ќе можете да уживате во прекрасните уметнички дела на Школата за уметност ,,АДАМС АРТ’’, како и неверојатните настапи од ,,музичката група Антика’’, но исто така љубителите на пиво, ќе имаат можност да го вкусат најдоброто пиво од фамилја Бакревски ,,Бак Пиво’’.
Ќе биде незаборавен настан исполнет со музика, уметност и забава! Срдечно Ве очекуваме да ни се придружите. Да го прославиме велигденскиот празник со најпозитивните вибрации и најсветли моменти!
Со Љубов,
Тимот на ЈП Пазари Битола






