Press "Enter" to skip to content

Тренерот Радуловиќ и капитенот Најдовски оптимисти пред полуфиналето

Утре кошаркарите на Пелистер од Битола ги започнуваат петте натпревари од полуфиналето на купот, а првите два натпревари се играат во Скопје, во спортската сала “Кале“. По двата во Скопје следуваат два натпревари во Битола, а “пелистерци“ се надеваат дека во Битола ќе се радуваат за финале.Дарко Радуловиќ тренер на КК Пелистер на прес-конференцијата која се одржа во клубските простории за утрешниот натпревар во “Кале“ во Скопје рече:

-Долго го чекаме дуелот со Работнички. Имавме доволно време да се подготвиме. Исто така факт е дека во регуларни услови се подготвувате три-четири дена за натпревар, а сега имавме речиси две седмици. Моравме да темпираме форма, да даваме одмор на играчите. Одиме на првиот меч од полуфиналето подготвени. Нетрпеливо чекаме да излеземе на теренот. Имаме промени во ростерот, но и во перцепцијата на играта во последните месец и половина во кои како да се „сетиравме“ за плеј-офот. Секој натпревар ќе биде различен, а веројатно ќе одлучуваат детали и нијанси. Имаме квалитет, квалитетни индивидуалци, но и квалитетни тимски играчи. Со висока самодоверба и поддршка од навивачите можеме до целта. Имате ситуација, ако се игра на две добиени средби станува психолошка борба. Тука ситуацијата е поинаква бидејќи имате шанса за поправен, меѓутоа приказната за нас е дека мора да победиме на гости. Ние одиме по таа победа, а ако успееме во тоа психолошкиот моментум ќе биде на наша страна. Одлично е што ќе има две навивачки групи, ќе ни значи нам и верувам ќе биде вистински спортски амбиент. Знаеме дека спортот се игра за публика, а пред полна сала секој вади максимум.И Дарко Најдовски капитенот на КК Пелистер се надева на гостинска победа:

-Нè чека полуфинале со Работнички. Тоа е секогаш предизвик за да се победи таков ривал. Тие се квалитетни и искусни. Имавме време добро да се подготвиме и да ги анализираме дуелите со Еуро Никел. Се надевам дека ќе дојдеме до гостинска победа. Токму домашниот терен е предноста на Работнички кој поседува искусен ростер на играчи. На минатите натпревари ни недостигаа играчи, меѓутоа сега тренираме комплетни. Очекувам дека битолчани ќе ни бидат шести играч и заедно ќе се радуваме на полуфинален триумф, а потоа и трофеј.

More from ВестиMore posts in Вести »