Press "Enter" to skip to content

Денот на основањето на УКЛО Битола – во знакот на студентите (фотогалерија)

Денот на основањето 25 април, Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола го посвети на оние за кои постои – студентите.Одбележувањето обедини неколку историски момент кои колажно се поврзаа со студентите на УКЛО денес.Студентското минато започна со панел „90 години од првото здружување на битолските студенти“. Александар Стерјовски, еден од најистакнатите хроничари на Битола и поранешен проректор на УКЛО  ги оживеа сеќавањата за студентското организирање пред девет децениии.  Здружението имало свои простории, секции и  активности и било расадник за интелектуалци во различни области.Покрај што раѓала умови, пелагониската земја  била  и банка на нашиот народ. Тутунот за многумина бил своевиден студентски кредит.Неговите економски придобивки за  многу генерации  студенти беа прикажани низ изложба од каширани фотографии, една од најбогатите на Балканот.Изложбата е во сопственот на Научниот институт – Прилеп, најстарата единица на УКЛО која одбележува еден век постоење.Со овој уметнички приказ симболично е пренесена и приказната за тутунот како средиште на научната дејност, која секогаш во центарот го има човекот.Врската за студентите некогаш и денес беше збогатена со документаристички материјали приредени од Државниот архив – одделение Битола, што ги претстави директорот, Гоце Стојановски.Овие вредни бележници беа дополнети со современи идентификациски брендови кои визуелно поврзаа настани и активности што го отсликуваат УКЛО, чија физиономија и идентитет се најмногу препознатливи преку неговите студенти.Темата за студентите на УКЛО денес се актуелизира во панел  дискусија со Борис Гушевски и Стојанка Ќупчева, актуелни студентски предводници, како претседател на УСС и студентски правобранител на УКЛО.

Посочено е дека задачите ги остваруваат во новата развојна фаза и учество во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.

Тие посочија дека очекуваат поголема информираност и студентска вклученост особено затоа што сите активности се одвиваат под светлината на КОЛОРС и студентите имаат можност  да испишуваат нова колоритна историја, здружени со студентската енергија од деветте универзитети од Алијансата.

Проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска се осврна кон афирмирацијата на истражувањето и науката кои УКЛО ги поттикнува кај студентите, меѓу другото и со студентското научно списание Нови хоризонти и Зборникот на студентски трудови од одржаната студентска конференција во 2023 г.Промовиран е и првиот број на универзитетското студентско гласило – Студентски магазин. Претставена е  екипата студенти соработници, преведувачи, лектори и технички уредници на списанието со чија активност  магазинот доби современ и препознатлив изглед.Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и комплетното раководство на  УКЛО  со посебно задоволство го оценија настанот како вистинска слика на новиот европски карактер наУниверзитетот и  најавени се бројни настани во јубилејната година во која се одбележуваат двата големи настани: 45 УКЛО и 100 години Институт за тутун – Прилеп.

More from ВестиMore posts in Вести »