Press "Enter" to skip to content

Топ гол победи во градското младинско женско фудбалско дерби против Атлетико

Топ гол – Атлетико 1:0 (0:0)

Во градското младинско дерби на Битола во женски фудбал екипата на Топ гол забележа победа над екипата на Атлетико. Во рамките на 21. коло од младинската лига за жени екипата на Топ гол по втор пат оваа сезона ја совлада екипата на Атлетико со конечен резултат од 1:0, полувреме 0:0.

Натпревар се одигра на Фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола пред стотина љубители на женскиот фудбал пред се родители и роднини на младите фудбалерки. Со оваа победа младинките на Топ гол бркаат највисок пласман во лигата и се претенденти за шампионската титула.

-Честитки за победата на моите фудбалерки и освоените нови три бода на нашето бодовно салдо. Ова е голема победа за нас, особено радува и мотивира дека е над градскиот ривал. Уште еднаш ја покажавме и докажавме нашата доминација зошто по втор пат оваа сезона го победуваме Атлетико. изјави Кире Грбевски, шефот на стручниот тим на Топ гол.

Претходно помладата генерација на двете екипи одиграа нерешено со резултат од 1:1. Следното коло младинските екипи го играат во Охрид против домашната екипа на “Билјанини извори“.

More from ВестиMore posts in Вести »