Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 го победи во Скопје, во Скопје

Скопје – Еурофарм Пелистер 2 30:34 (11:16)

Спортска сала „Македонски херои – ФФОСЗ“ – Скопје. Гледачи: 300 Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарова

Скопје: Н. Стојкоски, Груевски 4, Чакалиќ 4, Тркалевски 1, Јакимовски 10, Д.Стојкоски, Фичорски 2, Стојановски 4, Ристески 1, Рангелов 3, Божиновски 1, Гиески

Еурофарм Пелистер 2: Печурица, Младенов, Штаковски, Маркоски 1, Талевски 2, Димоввски, Трпчевски, Димитровски 1, Калајџиовски 3, Ивановски 1, Белистојановски 3, Југовски 3, Мијушковиќ 10, Хаџиќ 10.

Во натпревар од 12. коло на плеј-аутот на Суперлигата ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 на гсотувањето во Скопје запишаа уште една очекувана победа во борбата за директен опстанок во Суперлигата,  го совлааа Скопје на со 30:34 (11:15).

Од самиот почетокот момците на Михаил Петровски наметнаа силно темпо и со добра игра во одбрана постигнуваа лесни голови, а во 12. минута гостите поведоа со пет гола разлика, на одмор заминаа со 11:15.

Во вториот дел се продолжи со истото темпо, а на средината на вториот дел “пелистерци“ имаа +3 (22:25), но до крајот победата беше потврдена.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Мијушковиќ и Хаџиќ со по десет гола.

More from ВестиMore posts in Вести »