Press "Enter" to skip to content

Демант на Владе Атанасовски на објавата на министерот Тошковски

Демантот на Атанасовски ви го пренесуваме во целост.

-На неколку дена пред гласањето за двојните избори, претседателски и парламентарни, што треба да се одражат на 8 мај, кривична пријава за несовесно работење во сложбата на ЈП “Пазари“ ќе го наречам само ПОЛИТИКАНСТВО и нема да ме предомислат никакви закани и уцени. Дури бев директор на ЈП “Пазари“ најодговорно тврдам дека работев чесно, одговорно и совесно, како јас така и вработените.

Наводите изнесени од техничкиот министер ги отфрлам како невистинити и неосновани кои се однесуваат за јавна набавка од 2019 година на стоки за проектирање, набавка и монтажа на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија на ЈП Пазари. ЈП Пазари и вработените во претпријатието, ја спроведија постапката без ниту една дамка и не прекршиле било каква одредба од македонското законодавство. Тоа лесно и едноставно ќе се докаже пред надлежните институции, во кои верувам дека професионално работат, а за рушењето на моите углед и чест ќе поднесам кривична пријава против пријавителите. Јавните набавки, за некои, за кои се спорни токму пред двојните избори, а направени пред пет години, ги водеја вработени со повеќе годишно искуство во јавните набавки, професионалци во својата работа кои исто како и мене нема да потклекнат во добивање на ситно дневно – политички поени за различни чинители пред вториот круг на изборите.

Јас како тогашен директор на ЈП Пазар се гордеам што бевме прво ЈП во Македонија кое инсталира фотоволтаична централа за производство на електрична енергија за сопствени потреби. Благодетите јавното претпријатие ги виде во време на електричната криза со сметките за електрична енергија, ако не беше фотоволтаичната централа ние во тоа кризно време немаше да земеме плата.

Ниту јас, ниту некој од вработените, не можеме да бидеме видовити дали некоја фирма ќе пропадне или ќе се затвори, а ако како фирма била избришана од Централен регистар, тогаш како сме префрлиле пари? Гаранцијата на фофоволтаичните панели од 25 години, не дава фирмата изведувач или трговецот, тука дава производителот на панелите. Благодетите и намалените трошоци за електрична енергија од фотоволтаичната централа за приозводство на електрична енергија за сопствени потреби ги гледа и денес ЈП Пазари, а инвестицијата е во целост вратена од произведенета електрична енергија!

Накрај напоменувам дека Комисијата за јавни набавки ги разгледува понудите и документите и се води електронски преку Бирото за јавни набавки, јас како директор само го потпишувам договорот на избраната фирма, а не вршам проверка на документите, порачува Атанасовски во демантот.

More from ВестиMore posts in Вести »