Press "Enter" to skip to content

Министерот Тошковски објави кривични пријави за несовесно работење во службата во ЈП “Пазари“ Битола

Министерот Панче Тошковски објави случај за несовесно работење во службата на екс раководството  на ЈП Пазари Битола, при што напиша:

-Одделот за криминалистичка полиција, по добиена Наредба од ОЈО Битола, презема предистражни дејствија и до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола поднесе Кривична пријава против лице од Скопје, како Управител на правно лице од Битола, за кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ од чл.275-в од КЗ и против поранешен директорот од Битола за “Несовесно работење во службата“ од чл.353-в од КЗ.

Имено, првопријавениот во својство на управител на ден 19.12.2019 година, со неизвршување на обврските од склучен Договор за јавна набавка на стоки за проектирање, набавка и монтажа на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија со ЈП ПАЗАРИ Битола, дал гаранција за поставените фотоволтаични панели во рок од 25 години, иако знаел и бил свесен дека во предвидениот рок од една година од основањето на друштвото не го внел основачкиот влог на своето друштво согласно чл.186 ст.5 од ЗТД, поради што истото согласно чл.552-а и чл.552-б од ЗТД било избришано од Централниот регистар.

Исто така, истиот знаел дека не можел да гарантира за изведените работи, со што постапил спротивно на дадената Изјава за сериозност на понудата, додека второпријавениот, во својство на Директор на ЈП ПАЗАРИ Битола со пропуштање на должен надзор во вршењето на своите овластувања и должности, не извршил надзор кој бил должен да го изврши над носителот на набавката дали истиот е активен субјект или не, со што не постапил согласно одредбите од склучениот Договор за јавна набавка и не го раскинал истиот, а со тоа постапил спротивно на чл. 101 ст. 7 од Законот за јавни набавки и не објавил негативна референца на Електронскиот систем на јавни набавки на Бирото за јавни набавки.

На тој начин му овозможил на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист како право да не биде исклучен од идните постапки за јавни набавки во период од шест месеци од денот на евентуалното објавување на негативната референца, а воедно и по доставена фактура, одобрил и извршил плаќање кон првопријавениот односно кон неговото правно лице во вкупен износ од 1.298.000 денари, така што второпријавениот му овозможил на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист во наведениот износ од една страна, а за истиот износ го оштетил буџетот на ЈП ПАЗАРИ Битола од друга страна.

More from ВестиMore posts in Вести »