Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло со мала облачност, температурата до 24 степени

Денес, вторник, 7 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурата во Битола до 24 степени.

Утре, среда, 8 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 23 степени.