Press "Enter" to skip to content

Во Битола излезеноста до 11 часот, 17,40% за претседателските и 17,60 % за парламентарните избори

Гласањето во вториот круг на Претседателските извори и Парламентарните избори во Битола се одвива без проблеми, а точно во 7 часот се отворени сите 170 избирачки места во Општина Битола.Што се однесува пак до излезноста до 11 часот, таа изнесува 17,40% за претседателските и 17,60 % за парламентарните избори.Право на глас за претседателските избори во вториот круг имаат 77.419 избирачи како што беше и во првиот круг. Додека пак за парламентарните избори право на глас имаат 77.578 избирачи.

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »