Press "Enter" to skip to content

Пелистер ја доби третата битка со Работнички во Битола, сега е на чекор од финалето (фотогалерија)

Пелистер – Работнички 84:79 (2:1)

Пелистер е на еден чекор до ново плеј-оф финале откако пред својата публика во Битола славеа на вечерашниот дуел со Работнички со резултат 84:79, за водство од 2:1 во оваа полуфинална серија. Пелистер победи во третиот натпревар од полуфиналната серија, а прв одигран во Битола и со тоа се стекнаа и со две можности да дојдат до големото финале.Како што се очекуваше, третиот меч од оваа полуфинална серија помина во една доста изедначена игра. Тоа се однесува во првото полувреме во кое ниту една до двете екипи и не направи некоја сериозна позитива. До истекот на десетте минути Работнички беше и екипата која го имаше водството 21:24.Со серијата од седум поени, Пелистер успеа и да поведе, со 34:30 на средината на втората четвртина. Во онаа втора „половина“ од овој период, двете екипи влегоа во ритм кој носеше доста промени на водството. За на истек на 20 минути, битолчани имаа само поен предност 43:42, по тројката која ја погоди Американецот Најт.Тројките беа во „преден план“ и во поголем дел од третата четвртина во која се играше во ист ритм, повторно со доста резултатски измени во водството. По 26.минути од играта, Работнички имаше водство од 56:60. По тројката на Мијовиќ, Пелистер повторно водеше, а по три одиграни четвртини резултатот гласеше 67:64.Исклучувањето на Гечевски од линијата за слободни фрлања го искористи Мијовиќ, кој го донесе домашниот тим на највисоки 71:64 во воведната минута од последната четвртина. Имаа битолчани и осум поени вишок, 75:67 во 33.минута. Во последните 60 секунди гостите дојдоа на -2 (79:81) и имаа и напад за водство и погрешија.Костоски го искористи тоа, погоди две слободни фрлања за 83:79. По уште една катастрофална грешка, Најт потроши доста секунди пред да застане на линијата за слободни фрлања и да ја потврди втората победа на Пелистер во полуфиналето.Магдевски и Мијовиќ со по 18 поени беа најефикасни во таборот на Пелистер, по 12 постигнаа Маслинко, Најт и Планиниќ.Следниот натпревар меѓу Пелистер и Работнички повторно ќе се игра во Битола, најверојатно во среда во 18,30 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »