Пелистер – Работнички 88:80 (3:1)
Кошаркарите на Пелистер, вечерва во Битола го добија третиот натпревар против екипара на Работнички со резултат 88:80 и со 3:1 ја затворија полуфиналната плеј-оф серија во Првата македонска лига. Пелистер повторно за титула ќе го предизвикаат МЗТ за трофејот во нашата најсилна кошаркарска лига, а клучен беше првиот натпревар кој го добија во Скопје.
Во четврттиот натпревар од полуфиналата серија, битолчани водеа во текот на целиот натпревар, на крај тоа го крунисаа со место во финалето и тоа по трет пат во серија да го предизвикаат неприкосновениот МЗТ Скопје Аеродром.
На отворањето на натпреварор Пелистер имаше висок процент на реализација во шутот од поле, а тоа се покажа и на семафорот. “Пелистерци“ имаа двоцифрена позитива, прво имаа (25:15), нешто подоцна и (29:18), за тој воведе дел да заврши со нешто пониски (29:20).
На стартот на втората четвртина Работнички намали на 29:24, но домаќините за кратко време ја вратија предноста (33:24). Но тука и не застанаа, затоа што по поентирањето на Маслинко, кое го направи „двоцифрен“, Пелистер одново имаше двоцифрена позитива (42:32) а на одмор се замина со 48:37.
Во второто полувреме Пелистер поведе со највисоки +17 (59:42) по само три минути игра. “Пелистерци“ и по втор пат имаа +17 (64:47), но Работнички се врати во овој натпревар со серијата од (13:2) за негатива од само шест поени (60:66) за крај на третиот квартал.
На стартот на последната четвртина Пелистер имаше мини-серија од 8:2 за ново одвојување, двоцифрено (74:62), и многу порелаксирана ситуација. Таа разлика, двоцифрена, беше на сила и во наредните шест минути, кога се “стопи“ и беше едноцифрена (74:82). Следуваа кошеви на Планиниќ, Костовски и трето финале на Пелистер во последните три години.
Најефикасен кај Пелистер Планиниќ со 23. поени и 13 скока, Маслинко со 20 поени, додека Најт и Мијовиќ го завршија натпреварот со по 11 реализации за Пелистер.








