Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во финале, ќе игра за Куп титула, го помина Тиквеш во полуфиналето

Еурофарм Пелистер  – Тиквеш 29:23 (16:13)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола го победи Тиквеш со резултат 29:23, полувреме и се пласира во финалето на завршниот Ф4-турнир од ракометниот Куп на Македонија, кој се игра во салата “Борис Трајковски“ во Скопје во натпревар со осцилации.

Првото полувреме започна со 3:3 кога Еурофарм Пелистер, а потоа беше 6:3. Тиквеш фати приклучок и дојде на 6:5, потоа беше 9:7, 11:9. Тиквеш поведе 11:12, и следуваше тајм-аут на Ангеловски на ги загуби нервите. Тоа донесе поагресивна игра во одбраната ги одби нападите на кавадарчани и предност на полувреме 16:13.

На стартот на второто полувреме “пелистерци“ поведа со највисоки +4 (18:14), но Тиквеш пак се врати за 20:20. Пелистер на два пати по ред реализираше за 22:20, а потоа уште еднаш за 23:20. Тиквеш во продолжението од мечот се обидуваше да се врати, но Еурофарм Пелистер тоа не го д0зволи и за се пласира во финалето од Купот.

Најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Радивојевиќ со 10 гола, Кузмановски со 5, а Тајник и Пешевски погодија по 4 пати.

Еурофарм Пелистер каде ќе игра за својот прв трофеј од далечната 2005 година, или вкупно шести, против подобриот помеѓу Вардар 1961 и Алкалоид.

More from ВестиMore posts in Вести »