Вчера во Битола се одигра четвртиот натпревар од полуфиналната плеј-оф серија, која ја добија со 3:1 и пласман во финалето во борба за титулата.Пелистер на овој одлучувачки натпревар ја имаше поддршката од целата битолска кошаркарска и спортска јавност, а поддршката беше манифестирана и на трибините.Повеќе од 3.000 битолчани го поддржаа тимот на Пелистер, а овој пат на трибините покрај “редовните“ навивачи кои беа на една трибина, сега ги имаше во голем број.-Битолчани сакаат кошарка, редовно беа на кошаркарските натпревари, а на трибините секогаш беа “истите па истите“ со мали измени, но овој пат сега личиме како треба. Се надевам и посакувам на финалните две средни против МЗТ ќе биде како на Купот, не само полни столчиња, туку и полни скали, односно целосна поддршка за титула, ни рече Јован, еден од како вели “редовните“ навивачи во текот на цело сезона.А дека Битола сака титула, се потврди и од скандирањето од трибините. Прво започнаа “Чкембарите“ а тоа го прифатија и сите навивачи, а останува во наредните пет натпревари, да се обидат кошаркарите и стручниот штаб. -Секогаш кошаркарите ја имале поддршката од навивачите, но тоа беше во број кој секогаш требаше да биде поголем. Но, беше ладно, салата ладна, а ние кои најверните бевме секогаш тука. Сега во полуфиналето се “мена работата“ има публика и на другата трибина. Денес има многу нови, за разлика од постојаните и ме радува. Очекувам во двата финални натпревари салата да биде полна, па ако треба за за мајсторката да одиме во Скопје, кај МЗТ по пехарот и титулата. А, дека ќе биде преубаво да се биде во салата во финалето само треба да се потсетиме, како беше лани и за Купот, кога пехарот ни “избега“ коментираа во еден глас со многу емоции “Чкембарите“.Екипата на Дарко Радуловиќ и сите кошаркари ја заслужуваат поддршката, а како најавија навивачите за финалните натпревари ќе имаа целосна мобилизација на љубителите на кошарката во Битола.
Кошаркарите на Пелистер ја имаа поддршката од трибините, за финалните натпревари во Битола најавена целосна мобилизација (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
- Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година
- Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот
- Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме