Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер не ја “преживеаја“ драмата во финалната серија во Скопје, МЗТ поведе со 1:0

МЗТ Скопје – Пелистер 82:77 (1:0)

Во доста израмнет натпревар, прв од финалната серија, шампионот го одбрани домашниот терен, победи со резултат 82:77 на стартот на финалната серија од плеј-офот, во која трета година по ред, за шампионскиот пехар се борат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер од Битола.

МЗТ го доби првото полувреме, имаа резултатска контрола. По нецели шест минути игра, МЗТ Скопје поведе со 21:11, а Пелистер на крајот од првата четвртина намали на 28:23.  И во втората четвртина МЗТ стигнаа до двоцифрен плус 35:25 во 13.минута. Пелистер намали на 35:30 и 39:34. На полувремето резултатот беше 50:40.

Пелистер во првата половина од третата четвртина стигнаа и до водство, во 26. минута по серија од 10:0 поведе со 56:54. Во последната четвртина МЗТ  влезе со предност од +2 минимална 67:65. Во последната четвртина Пелистер победе со 65:66. МЗТ Скопје поведе со 80:74 пред последните две минути од првото финале. Пелистер потоа намали на -3, (77:80), но техничката грешка го чинеше – пораз.

Кај Пелистер Планиниќ постигна 19 поени (но и 8. скока и 7.асистенции), по 16. имаа Маслинко и Костоски.

More from ВестиMore posts in Вести »