Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две сообраќајки, двајца возачи тешко повредени

На 18.05.2024 во 01.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „8 Септември“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 54 годишник од село Долно Српци, битолско и патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 57 годишник од  Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „хјундаи“, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.
 
На 17.05.2024 во 12.16 часот во СВР Битола било пријавено дека во Новаци, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 50 лице од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од 71 годишник од Новаци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничка Болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СБР Битола.