Press "Enter" to skip to content

Пионерките на Пелистер Волеј 2009 и помлади вицешампионки на Македонија (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Газели Волеј 1:3

(16:25; 26:24; 14:25; 15:25)

Пионерки на Пелистер Волеј од Битола генерација 2009 и помлади, станаа државни вицешампионки на Македонија, откако во финалето беа поразени од Галези Волеј, во рамките на Ф4 кое се одржување во Битола, во салата на Медицинското училиште.  Во големото финале се поразени од екипата на Газели Волеј кои сосема заслужено се новите шампиони во оваа категорија, натпревар во кој единствено младите “пелистерки“ беа  рамноправни во вториот сет кој го добија со 26:24.Во финалниот натпревар пинерките покажаа голема борбеност, мотивираност и единство, а второто место е голем успех за оваа генерација. 

-Ова за нас е многу важен момент, затоа што ја продолжуваме низата на успеси од сезоната 2015/16 од кога практично не поминала сезона, а Пелистер Волеј да не е учесник од една голема завршница. Мора да потенцираме дека 9 години по ред сме освојувачи на медал во најмалку една категорија, а нова шанса имаме за една недела кога нашите кадетки ќе се борат за бронзениот медал во оваа категорија, со што уште еднаш доажавме дека една деценија е непресушен извор на нови и талентирани одбојкарки, велат од Пелистер Волеј. 

Во финалето поените ги освоија Антонија Стојковска 20, Мила Андоновска 14, Ања Сековска 2 и Анастасија Иванова 1.

Претходно во трилер дуелот Пелистер го доби полуфиналето против екипата на Јанта Волеј со 2:1 во сетови.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »