Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола домаќин на манифестацијата „Денови на универзитетскиот спорт во Битола“

Во организација на Универзитетската спортска федерација на Македонија, во соработка со Општина Битола и сесрдна поддршка од Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола  се одржа трибина на тема: Спортот версус Универзитетскиот спорт во градот Битола, како и дуалната кариера во спортот како најнов глобален тренд и предизвик.Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски ги претстави сите активности кои досега  универзитет ги прави за своите студенти и најави нови спортски содржини со кои ќе се збогати спортско – рекреативната понуда на УКЛО.Toj истакна дека УКЛО и понатаму ќе продолжи со поддршка на универзитетскиот спорт и ја потенцира важноста на соработката помеѓу УКЛО, Општина Битола и Универзитетската спортска федерација на Македонија во наредниот период која уште повеќе ќе се интензивира.Професорката Ленче Алексовска – Величковска од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, која воедно е  претседател на Универзитетската спортска федерација на Македонија  го  нагласува фактот дека и Универзитетот и градот Битола остваруваат обединувачки поттик и изрази уверување дека тоа е начинот за унапредување на универзитетскиот спорт.  Гордана Цветковска – Бошевска, соработник за спорт и млади во Општина Битола од име на градоначалникот Тони Коњановски се осврна кон условите и помошта кои општината ги дава за развој на универзитетскиот спорт, посебно иницијативата за обезбедување финансиски средства за континуиран развој на универзитетскиот спорт во градот и за Универзитетот.  Марјан Љамчевски, виш соработник за култура и спорт на УКЛО и одговорен за универзитетскиот спорт во Универзитетот ги претстави бројните спортско – рекреативни активности на УКЛО во изминатиот период, спортовите што се дел од универзитетската лига, како и нововодените, меѓу кои веслање, едрење, тенис, куглање и други екипни спортови, кои Универзитетот им ги нуди на своите студенти.На крајот се обрати и Зоран Петковски, советник од Општина Битола, и само ја потврди решителноста на општината за вложувања во развојот на универзитетскиот спорт како гранка која е најблиску до професионалниот спорт во нашата држава.Тематскиот настан според ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски е извонредна прилика да се нагласи дека УКЛО продолжува да работи на планот на унапредување на универзитетскиот спорт и здравјето на младите, екипните и индивидуалните спортови кои воедно ќе бидат мост за поврзување на универзитетите и на овој план.Манифестацијата се заокружи со спортски настан, Државен универзитетски куп на Македонија во ракомет во машка конкуренција што се одржа во Универзитетската спортска сала „Павел Шатев“  со учество на екипи од гостинските универзитети УКИМ – Скопје и УГД-  Штип.

More from ВестиMore posts in Вести »