Press "Enter" to skip to content

Нема крај на вандализмот во Битола, запален контејнер предизвика пожар на фасадата на Медицинско

Од средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи” во Битола известуваат дека за време на празничните неработни денови, поточно на 11 април 2026 година, во 01:30 часот по полноќ, бил извршен вандалски чин со палење на контејнерите во дворот на училиштето, при што пожарот се проширил и предизвикал оштетување на фасадата на задниот дел на објектот.

-Благодарение на навремената интервенција на надлежните служби од противпожарната единица и Министерството за внатрешни работи, пожарот беше локализиран и спречени се поголеми последици. Случајот е пријавен и во тек е постапка за откривање и санкционирање на сторителите, соопштија од средното медицинско училиште во Битола кои остро го осудија овој чин и апелираат до надлежните институции за брза и ефикасна разрешница.

-Училиштето ќе ги преземе сите потребни мерки за целосна санација на штетата и дополнително зајакнување на безбедноста. Нема да толерираме вакви постапки, конкретни се од Медицинско. 

More from ВестиMore posts in Вести »