Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер на гостувањето кај Арсими

Арсими – Пелистер 1:0

Екипата на Пелистер од Битола забележа пораз на гостувањето кај Арсими  1:0, полувреме 1:0 во натпреварот на две екипи кои се борат за опстанок во Првата фудбалска лига на Македонија. Пелистер по поразот останува на 9. место со 26 освоени бода, на “втората“ позиција која води во баражот за прволигашки статус.

Натпреварот беше отворен и се ограше рамноправно и мирно без некои шанси. Во финишот на првиот дел, во 44. минута,  Арсими дојде до предност по грешката на одбраната на Пелистер.  Дардишта се снајде пред голот на Јовчевски и погоди за за 1:0.

Пелистер по применит гол имаше шанса да израмни, но Спировски од шеснаесетникот погоди во пречката.

Во вториот дел Пелистер создаваше шанси, а Петровиќ и Булатовиќ не погодија. Возврати Арсими во 72. минута преку Бајо кој биеше над голот, а потоа во 85. минута се обиде Гафури.

Во следното коло од Првата лига Пелистер го чека уште еден многу важен меч пред својата публика со Македонија ЃП.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »