Press "Enter" to skip to content

Докторот Михајло Вангелов предложи, советот усвои, химната на Македонија секој понеделник ќе се интонира во основните и средните училишта во Битола

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, гинеколог Михајло Вангелов, на денешната седница на Совет0т на Општина Битола, како дополнение на двевниот ред, предложи точка да се донесе одлука со со која во битолските основни и средни училишта задолжително секој понеделник наставата да започнува со интонирање на химната на Република Македонија, а тоа да биде и на почетокот на секона седница на Советот на Општина Битола.

Михајло Вангелов во образложението на предлогот, од говорницата на Советот рече:

-Предлагам, предлог одлука за утврдување на обврската во сите основни и средни училишта во Општина Битола за задолжително интонирање на химната на Република Македонија, секој понеделник за почеток на работната недела. Децата ќе изразат искрена почит кон татковината се со една цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на децата кон својата земја Република Македонија, но, и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција. 

Втор предлог на Вангелов беше и донесување на Одлука заинтонирање на химната на Република Македонија пред почетокот на секоја седница.

Првиот предлог на Вангелов го поддржаа 29 советници, еден советник на СДСМ се иззема од гласањето, а против беше само советничката на ДУИ. За вториот предлог поддршка дадоа 30 советници, а против беше само советничката на ДУИ.

More from ВестиMore posts in Вести »