Press "Enter" to skip to content

Матурантите од Горната од Битола заедно со професорите во учење и на прослава (фото)

Прекрасниот месец мај месец на матурски прослави во Битола е месецот кога учениците прославуваат крај на средношколските денови и продолжуваат во нов период од својот живот. Неколку месечните подготовки за тоа како ќе се биде облечен каква фризура ќе се има завршуваат со матурска прослава. Оваа година матурската прослава на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ Битола беше на 22 мај во “Гранд Премиер“. Вечерта пред 19 часот голема гужва пред ресторанот на прослава. Секој на различен и креативен начин пристигнуваа со своите партнери, другари, роднини, но тука беа и нивните професори. Професорот по историја, Филип Јаковлевски, им направи чест на неговите ученици Мартин Кочишки и неговата партнерка  Марија Бошеска и заедно со него пристигнаа на матурската прослава. Кочишки и Бошеска велат…

-Професорот Јаковлевски е не само одличен професор, туку и вистински пример кој ја пренесува љубовта кон историјата на своите ученици. Неговите часови се секогаш инспиративни и мотивирачки, полни со интересни факти и податоци кои не само што ја збогатуваат нашата образовна позадина, туку и ни помагаат да ги разбереме пораките од минатото и нивната важност за сегашноста. Благодарение на него, многумина од нас се заинтересираа за историјата и се одлучија да го продолжат своето образование во оваа област. Тој не само професор, туку и личност со која сите ние со задоволство споделуваме време и од која учиме многу животни лекции. Неговото присуство ни даде сигурност и радост, знаејќи дека имаме поддршка од личност која не само што ни беше професор, туку и вистински другар. Благодарни сме за се досега.

Матурантите продолжија со својата забава до раните утрински часови и традицинално се упатуваат во училишниот двор на Гимназијата каде што емотивно се збогуваат од нивните професори, соученици и училиштето.

Дамијана Ристевска