Press "Enter" to skip to content

Свечено отворен 25. јубилеен интернационален фестивал на монодрама јубилејен во Центар за култура Битола (фотогалерија)

-Само актер во монодрама може вистински да каже “Театарот-тоа сум јас“, а оваа година “Слободата живее тука“ слоган на јубилен 25 то по ред итернационален фестивал на монодрама.

-Монодрами од 9 земји од светот на репертоарот во текот на 7 денови, театарски работилници, циркуски и театарски артисти и шоуа во ОФФ програмата, на фестивал во кој актерот сам… како тело и душа на театарското дело. се јавува и како почеток и како крај.Синоќа на свечен начин отворен 25 тиот по ред Интернационален фестивал на монодрама. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски го прогласи за отворен во преполната голема сала на Центар за култура во Битола. -Секое признание има посебна вредност, затоа што неговото значење секогаш е поврзано со посебна приказна, која одбележува едно дело, настан или придонес кон создавање нешто ново или општествено добро. Сепак, вечерашната плакета, за мене има посебна вредност, затоа што долгогодишната соработка и поддршка од Општина Битола, за Фестивалот на монодрама, резултира токму со еден 25 годишен јубилеј, кој во себе ги собрал и успешно ги совладал сите предизвици, не запирајќи ја креативноста и уметничкиот раст, дури и во време на пандемиски, вонредни состојби. Одбележувањето на четврт век од еден ваков интернационален фестивал и континуираната соработка со општината е голем доказ дека уметноста и културата во својот креативен дострел се доволно силни за да докажат дека живеат и растат на пиедесталот на кој се воздигнуваат вредностите.Директорката Маја Андоновска – Илиевски се обрати со зборовите:-На јубилејниот 25. по ред Интернационалн фестивал на Монодрама,  Битола седум денови ќе биде фестивски град и публиката ќе може да види монодрами од девет земји од светот. За овие 25 години за постоење на фестивалот заслужни голем број личности кои придонесоа за раст на фестивалот. Ова е фестивал кој докажа дека има непоколеблива посветеност да негува уметнички сјај дури и во услови кога не беше толку познат, а докажа дека може да создава уметност и во време на пандемијата. Овие 25 години значат многу за еден мал, но мошне значаен фестивал кој го става актерот во самиот центар. И мотото “Слободата живее тука“ е една директна асоцијација дека не само актерите туку и уметниците се во константна трка и потрага по слобода, а неа ја наоѓаат токму таму каде што творат, на сцените.Ќе кажам само дека најзаслужна за постоењето на овој фестивал е нашата Љупка Пајевиќ која пред 25 години како директор  со нејзиниот ентузијајзам и е најзаслужна за да започне овој фестивал, а Љупка Пајевиќ се обрати возбудено кон публиката:-Со голем ентузијазам, но и мали финансии во далечната 1999 година започна овој Фестивал на монодрамна и пантомима или т.н. “Театар во куфер“. Како директор на  тогашен Дом за култура се заложив, но со многу мали средства започна овој фестивал. Во почетокот имаше ревијален карактер и на репертоарот имаше само македонски монодрами. Денес после 25 години постоење гордо може да кажаме дека сега е Интернационален со гостувања на монодрами од целиот свет.Потоа директорката Маја Андоновска Илиевски им даде благодарници  на сите личности кои низ изминатите 25 години дадоа свој придонес во растот на овој фестивал, а тука беа и сите поранешни директори на Центарот за култура. Признанија добија Љупка Коларова Пајевиќ, Борис Чоревски, Ана Бегајовска, Зоран Димовски, Борче Димитровски, Петар Мирчевски, Нина Мазур, Иван Јерчиќ, Општина Битола и  Министерство за култура.Специјално признание доби ЗК “Пелагонија“, без чија поддршка невозможно беше да се реализира гостувањето на шоуто “Глумците пеат“ со кое се отвори јубилејното издние на ИФМ.

На отворањето публиката имаше можност да ужива во настапите на актери во “Глумците Пеат”, музички спектакл, а Битола како прв град во кој настапија.Ние не сме учесници на Евровизијата… според многумина, за среќа. Зошто, што ќе се случи ако победиме на Евровизија и треба да ја организираме дома во Битола? Имаме ли сала?, се пошегуваа нас цената двајцата водители на шоуто “Глумците пеат“, Горан Ников и Миланка Рашиќ.Урнебесни ситуации, многу смеа и забава… со  40 извонредни и талентирани актери, со БИГ БЕНД оркестар на сцената, во живо ги пееја  најголемите евровизиски хитови. Повеќе од 3 часа забава која заврши и со гласање на публиката.Режисер на спектаклот е Дејан Пројковски, диригент на “Баги биг бенд” Љупчо Мирковски, а аранжманите беа на Бобан Мирковски.Фестивалот ќе трае до 31 мај, а во официјална конкуренција се 10 монодрами од Македонија, Бугарија, Грција, Ерменија, Казахстан и Хрватска.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »