Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријави за закана, за насилство и за малолетничко насилство, за оддалечување на лице, во касарната пронајдени 1.408 стари пушки

На 27.05.2024, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 35 и 39 години, двајцата од село Острец, битолско, постапувајќи по претходна пријава од 41 годишно лице од село Бистрица, битолско, дека истиот ден тие со уште две лица му се заканувале со остри и дрвени предмети. Полициски службеници од СВР Битола, од едното лице одзеле  полуавтоматско оружје, куршуми и гасен пиштол. По целосно расчистувањи и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 27.05.2024 во СВР Битола, Е.М. (40) од Битола пријавила дека во Градскиот парк во Битола, нејзиниот малолетен син и неговите другари биле физички нападнати од неколку малоленици кои ги познавале, при што еден од нив со остар премет се заканил на нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27 мај 2024 година  СВР Битола И.Б. (43) од село Долно Оризари, битолско, пријавил дека во с. Долно Оризари неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27.05.2024 во 16.00 часот во СВР Битола, Т.В. (61) од с.Нижеполе, битолско,, пријавил дека од домот со неговото патничко возило „форд“ се оддалечил неговиот братучед на возраст од 50 години од село Могила, битолско. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27.05.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 14.30 часот во новиот објект на противпожарната единица, лоциран во старата касарна, биле пронајдени 1408 пушки со потекло од Балканските војни. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал пушките за понатамошна постапка.

More from ВестиMore posts in Вести »