Press "Enter" to skip to content

 “Да бидеме креативни, а не девијантни“ настан организиран од Совет за превенција од детско престапништво и КИЦ Битола (фотогалерија)

-Голем број ученици од основни и средни училишта, наставници, родители, проследија музичка програма со и имаа можност да ги разгледаат цртежите кои ги твореа ликовните креативци кои во текот на настанот цртаа на платото.

-Пароли против насилство, сајбербулинг, дрога, алкохол, цигари девијантни појави меѓу младите.

-За крај сите учесници на настанот направија едно големо срце со кое испратија пораки за љубов,почитување, толеранција, а против секаков вид на насилство.-Добренидојдовте на денешниот настан “ДА БИДИМЕ КРЕАТИВНИ, А НЕ ДЕВИЈАНТНИ”, настан организиран од Општински совет за превенција на детско престапништво и Културен и информативен центар на Битола, најавија водителите и го отворија настанот кој се одржа на 31 мај на платото пред Офицерски дом Битола.Потоа директорот на Културен и информативен центар Битола  Благојче Божиновски се обрати со зборовите:-Добредојдовте на првиот наш заеднички настан „Да бидеме креативни , а не девијантни“ кои го организираме со Советот за превенција од детско престапништво.  Настанот е поврзан со КРЕАТИВНА Битола, чија цел е на едно место да се соберат креативците од основните и средните училишта, кои низ музички точки, креативни работилници, уметнички цртежи и пароли ќе ја пренесат пораката СО КРЕАТИВНОСТ ПРОТИВ ДЕВИЈАНТНОСТ.Присутните ученици, професори, наставници, родители… проследија весели музички точки, а на платото се со нас и креативците од креативните ликовни работилници со цртежи  и пароли на ученици од основните училишта „Св. Кирил и Методиј“, „Коле Канински“, „Стив Наумов“ „Ѓорѓи Сугарев“ и Средните општински училишта „Јане Сандански’, „Јован Калаузи“ кои дојдоа со своите наставници ментори.Потоа се обрати Жанета Ристевска претседавач на Општински совет за превенција од детско престапништво (ОСПДП).-Денес ја славиме младоста и ќе пренесиме пораки за љубов, почитување, а против насилство, вандализам и девијантните појави меѓу младите. Мило ми е што од една идеја низ разговор со Симона Јошевска за органзирање на еден  ваков убав ден,  денес сме тука собрани сите и заеднички го славиме со тимот на КИЦ Битола и младите креативци. Општинскиот совет за превенција од детско престапништво го сочинуваат 25 членови, кои ни доаѓаат од различни институции : МВР, Центар за социјална работа, Обвинителство, Адвокатска комора, преставници од основни и средни училишта : психолози, педагози, наставници. Сите ние на различни начини придонесуваме во овој Совет на доброволна основа и волонттеризам во локалната средина. Најчество со органзирање на трибини, едукативни предавања, работилници. Денес  сме тука за прв пат на еден ваков настан и наша идеја е да се подигне свеста против лошите девијантни појави меѓу младите со креативност. Наместо насилство, булинг, сајбербулинг, вандализам и зависности како дрога, алкохол и цигари, својата  бунтовна енергија младите да ја изразуваат на креативен начин.Работната група која учествуваше во органзиацијата и членовите е составена од Елена Кузмановска, Маре Стојменова, Мицевска, Арјона Исовска и Сашо Кочанковски.Сите училишта добијат благодарници за учество во овој настан, кој ќе стане традиција, а сите учесници направија едно огромно срце со кое испратија пораки за љубов, почитување, толеранција, и секако уште еднаш порака против секаков вид на насилство.

More from ВестиMore posts in Вести »