Press "Enter" to skip to content

Денес 41. седница на Советот на Општина Битола, ќе расправа и за Квартален извештај за извршување на Буџетот

За денес, 3 јуни, со почеток во 9 часот, претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, ја закажа 41. седница на Советот на Општината Битола на која ќе се расправа по 12 точки, поставени на дневниот ред.

Како прва точка е расправата за Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола, а на дневр ред се и точките за хуман третман и благосостојба на бездомни животни, за детската градинка,  за правилник за финансирање на спортските клубови…

Дневниот ред е:

1.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола во првиот квартал од 2024 година.

2. Програма за хуман третман и благосостојба на бездомни животни на подрачјето на Општина Битола за 2024 година.

3. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола.

4. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бодот запресметување на плата на административните (државните) службеници вработени во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола за 2024 година.

5. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бодот за пресметување на плати на директорот и давателите на јавни услуги вработени во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола за 2024 година.

6. Решение за давање согласност на Одлуката за поднесување на барање за донесување на Одлука на Советот на Општина Битола за склучување на договори на Општина Битола со КЈП “Нискоградба“ Битола за реализирање на Програмата на Советот на Општина Битола за изведување на градежни работи за санација на коловози со тампон од дробен камен со примена на член 24 од ЗЈН.

7. Решение за давање согласност на Одлукатаза донесување на ценовник за изведување на градежни работи на КЈП “Нискоградба“ Битола за потребите на Општина Битола –санација на коловози со тампон од дробен камен.

8. Решение за давање согласност на Одлукатаза зголемување на бруто пресметковните бодови за платата на вработените во ЈП Комуналец Битола.

9. Решение за давање согласност на Одлукатаза усвојување на предлогот за корекција на цени за сместување и услуги на корисници во ЈОУ Дом за стари лица „СЈУ РАЈДЕР” Битола.

10. Решение за давање согласност на Одлукатаза линеарно зголемување на платите во ЈП Пазари Битола.

11. Решение за давање согласност на Одлукатаза прием на донација на плочки на ЈП Пазари Битола.

12. Правилник за финансиска поддршка на спортисти, спортски клубови, спортски здруженија и други правни лица од областа на спортот.

More from ВестиMore posts in Вести »