Press "Enter" to skip to content

Капитенот Филип Кузмановски по освојување на првата титула со својот матичен клуб, титула ја посветуваме на покојниот Силјан Мицевски

По натпреварот во Битола каде ракометарите на Еурофарм Пелистер по победата над Алкалоид ја освоија втората по ред титула, осма севкупно, капитенот Филип Кузмановски ја имаше таа чест да го крене пехарот во својот роден град, во својот матичен клуб и не го криеше задоволството за тоа.

Популарниот капитен на “пелистерци“, Фитиљ кој додје во клубот како огромно засилување оваа сезона, освоениот трофеј му го посвети на починатиот легендарен претседател на Пелистер, Силјан Мицевски.

-Навистина сум многу среќен да бидам шампион со мојот матичен клуб, во родниот град Битола. Сакам да се заблагодарам на публиката која не бодреше низ цело првенство и ЛШ. Благодарност и на нашиот претседател Зоран Стерјев. Оваа титула ја посветуваме на покојниот Силјан Мицевски. Тоа беше нашата цел, иако не успеавме во Скопје за двојна круна, но еве тука дома успеавме да бидеме прваци. Завршивме сезона со пехар. Имаме слободно време да одмориме, па да се насочиме на следната сезона. Имаме шампионска екипа, добар колектив, најдобар во Македонија, Нашите цели не се само на домашно тло, го земам како неуспех фактот дека не запишавме победа во Европа на враќањето по толку години. Градот заслужува елитен ракомет, добра екипа која ќе се бори. Пелистер е познат по тоа. Нашите цели се и европски, но сега е време да прославиме, ни изјави Кузмановски.

More from ВестиMore posts in Вести »