Press "Enter" to skip to content

MAMMA MIA – перформанс на полуматирантите на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола за крај на школувањето во училиштето (фотогалерија)

-Honey, Honey, Money, Money, Money, Mamma Mia, Dancing Queen, Thank you for the music… со перформанс на дел од песните од мјузиклот MAMMA MIA група ученици од 9 одделение со име  “Фушерски глумци“ под менторство на Жанета Ристевска од ОУ Св. Кирил и Методиј“ од Битола емотивно се разделија од училиштето, наставниците.Во Библиотека „Св. Климент Охридски“ во рамки на проект „Од книга до претстава“ интересен настап имаа ученици од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ кои завршуваат 9 одделение, пред родители, наставници и други присутни гости.-Овие ученици под менторство на психологот Жанета Ристевска и соработката со нашата библиотека и училишетео, беа вклучени во повеќе настани во претходната и оваа учебна година. Имаа извонредна изведба на сцени од битовата драма „Бегалка“ во „Да ги оживеем драмите“, потоа во март оваа година музички перформанс на „Убавицата и ѕверот“во проектот „Во светот на бајките“ .  Вечерва на наша голема радост ќе се претстават со настап за крај на школувањето во училиштето со  најновиот перформанс од мјузиклот „MAMMA MIA . Нивните настапи тука на оваа сцена секогаш беа пропратени со голем интерес на публиката.,бидејќи беа оригинални и креативни. Тие покажаа дека низ глума, игра, перформанс можат да се оживеат драми, бајки, приказни… на интересен начин. Ние како библиотека ќе ги наградиме со книги, за да продолжат и понатаму во средно образование да ја негуваат љубовта кон креативно изразување на прочитаното и оживување на сцената интерсни извадоци од книгите, рече пред изведбата на перформансот, м-р  Гордана Ѓорѓиевска Неделковски, од НУУБ “Св. Климент Охридски“ Битола.Директорката на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Жанета Тошеска, ги поздрави учениците и родителите и им посака среќа и поголеми успеси во продолжувањето на своето образование.Жанета Ристевска психолог во училиштето  и ментор се обрати емотивно кон учениците и нивните родители.-Многу сум возбудена што повторно сме тука во НУ Библиотека каде ја изведовме „Бегалка“ и нашиот настап предизвика солзи кај публиката. А започнавме сосем случајно со избор на улоги според темперамент и психологија на ликови. Се нарековме низ пробите “Фушерски глумци и режисер“, за така нам ни беше  групата за комуникација. После тоа следуваа настапи на овие ученици со „You’re the one, that I want“ од култниот мјузикл „Брилјантин“. Во март оваа учебна година и сите се  вративме во детсвото во светот на бајките со „ музичко сценскиот перформанс  од „Убавицата и ѕверот“заедно со нашите првачиња чии ментори им беа токму овие ученици. Многу ми беше мило кога ми  кажаа дека сакаат направат сцени од мјузиклот „MAMMA MIA“. Мотивирани, тие во голем дел се подготвуваа сами. Си поделија улоги, повторно според изглед и темперамент. Ученичката Бојана Бејковска ја направи кореографијата. Што всушност да посака еден ментор повеќе. Мојата улога како психолог за насочување на талентирани  и можеби избор на професија е повеќе од исполнета.-Исто така мора да се спомене и позитивната клима и многу голема поврзаност и дружење меѓу нив. Тоа го споменувате и вие родителите кои треба да бидете горди на своите деца кои покрај тоа што се талентирани, тие ја имаат упорноста да вежбаат и по неколку часа, како што правевме овие денови додека се подготвувавме за настап. Исто така имаат сериозен пристап кон се, и тоа  да бидат точни, потполно подготвени сценски  за да настапот изгледа вака  као што ќе го видите вечерва. Јас би сакала да не е наш последен настап, бидејќи сигурно ќе има и други можности зарди тоа што пред овие деца стојат уште многу, многу вакви настапи, додаде Ристевска.Со настапот на “Фушерски глумци“, иако аматерска група, повторно ја освоија публиката со нивната спонтаност, искреност, но и голема професионалност во настапот.На крајот на настанот м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски им подари книги и благодарници за учество во поголем број проекти реализирани со НУУБ „Св. Климент Охридски“  на ученците и ментор Жанета Ристевска од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола.

More from КултураMore posts in Култура »