Press "Enter" to skip to content

Proceed Goes Practice – мултиплаер тренинг во организација на “Сумнал“

Активностите во рамките на проектот „Процесот оди во пракса“/Proceed Goes Practice продолжија и минатиот месец. „Сумнал“ организираше мултиплаер тренинг за вработени во претпријатија и кадар од стручното образование и обука.

Целта на тренингот беше присутните да се запознаат со историјата и целите на проектот, како и со активностите и резултатите, особено со креираните програми за обуки за стручно образование за Роми и други групи со помали можности кои во иднина ќе продуцираат потребен кадар во општина Битола и пошироко.Дополнително, претприемачите од јавните и приватните претпријатија со тоа ќе имаат едуциран кадар од дефицитарни струки кој им е потребен.

Проектот е финансиран преку Еразмус + програмата на Европската Унија, а го координира германската организација Југендстил.

More from ВестиMore posts in Вести »