Press "Enter" to skip to content

Во Битола започна 6. меѓународен натпревар “Пијанофест 2024“

Со свечен концерт со лауреатите од минатогодишниот “Пијанофест“, се отвори годинешното 6. издание на меѓународниот натпревар“ПИЈАНОФЕСТ 2024“ во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО од Битола.

Концертот се одржа во свечената сала на КИЦ. Офицерскиот дом во Битола и на истиот музичката магија ја пренесоа: Јана Блажевска Соло Пеење (Македонија) и Јурен Алиа Пијано (Албанија).Јана Блажевска е извонреден млад талент, учесник и лауреат на бројни државни и меѓународни натпревари. Таа веќе седум години е посветена на класичната музика и оперското пеење. Своето музичко образование го започнува во 2017 година во класата на проф. м-р Маја Митровска во Државно музичко училиште – Битола. Освен двата солистички концерти, таа соработувала со повеќе културни здруженија, настапувала на престижни настани во Битола, Демир Хисар и Скопје како специјален гостин. Јана пее на десет светски јазици а има одлични познавања од француски, англиски, германски, корејски јазик, како и познавања од италијански и руски јазик. Во 2023 година настапува како солист со Македонската Филхармонија. После успешниот приемен испит во Австрија, е примена на реномираниот музички универзитет во Виена, каде ќе го продолжи своето музичко образование, ќе го усовршува својот глас и знаење со голема желба да придонесе во светот на класичната музика. Заедно со уметничкиот пијано соработник проф. Доминика Робе Поповска, се претстави со дела од Бах, Чајковски, Делибес и Биксио.Јурген Алија е роден 2005 година во Тирана, Албанија. Започнал да свири пијано на 6-годишна возраст во Музичкото училиште во Тирана „Liceu Artistik Jordan Misja“. Неговата желба за да ја продлабочи конекцијата со звукот и пијаното, со текот на времето се повеќе растела, за на крај да кулминира со одлуката тој да го продолжи своето музичко образование во оваа насока. Јурген учествувал и освоил многу награди на домашни и меѓународни натпревари. Во 2023 година ги започнал студиите на конзерваториумот “Џузепе Тартини” во Трст, во класата на професорката Тереза Тревисан. Своето музичко образование тој редовно го усовршува на мастеркласи со реномирани професори од регионот и странство. Со делата од Бетовен, Рахмањинов, Скрјабин, Лист и Прокофјев, овој млад талент направи оваа вечер
да биде посебна со многу уживање и задоволство.

Организаторот, здружението ПИЈАНО ја промовира класичната музика и вредностите кои таа ги носи сама по себе е формирано во 2018 година од професионални педагози по пијано како и од група ентузијасти и љубители на класичната музика. Ова здружение има за цел да го подигне нивото на музичката култура, културата за слушање на класична музика, како и да имплементира еден нов начин на едукација на младите таленти кои што во иднина ќе ја продолжат музичката традиција, преку интернационални проекти, семинари, работилници, мастеркласи и сл.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »