Адвокатската заедница Битола, и годинава, како и секоја година традиционално, денес, со полагање на цвеќе на бистите пред Апелационит суд на Јосиф Христовски – Ѕвончаро и Коле Канински го одбележаа Денот на Македонската адвокатура, 16 јуни.
-И оваа година ја продолжуваме традицијата воспоставена од 1980 година со одбележување на 16 јуни – Денот на македонската адвокатура, ден кога во 1945 година, Министерскиот совет на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на тогашниот министер за правосудството д-р Павел Шатев ја формира Скопската адвокатска комора со надлежност за територијата на федерална Македонија. Тоа го правиме симболично поклонувајќи се пред бистите на адвокатските приправници и учесници во НОБ, Никола Тодоровски – Коле Канински (1914-1944) и Јосиф Христовски – Ѕвончаро (1914-1942), лоцирани пред зградата на Апелациониот суд Битола, рече претседателот на здружението на адвокатите од Битола, Иван Рутевски.
Од вкупно 38 адвокати запишани во Именикот на адвокатите за 1945 и 1946 година, во Битола адвокатски канцеларии отвориле вкупно 10, потсети Никола Главинче.
Коле Канински (1914-1944) по дипломирањето на Правниот факултет во Белград бил адвокатски приправник кај адвокат Воислав Протиќ, а потоа и кај адвокат Александар Костиќ, а Јосиф Христовски – Ѕвончаро (1914-1942) бил студент на Правниот факултет во Белград и учесник во НОБ.
Бистите на првоборците и адвокатски приправници, донирани од Адвокатската комора на градот Битола во 1981 година и тоа Јосиф Христовски – Ѕвончаро и Коле Канински пред Апелациониот суд Битола. Оваа активност традиционално полгање на цвеќе на бистите битолските адвокати ја практикуваат од 1981 година без прекин.

Адвокатите од Битола со полагање цвеќе го одбележаа Денот на Македонската адвокатура (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат





