Победник на ултра маратонската трка “Неолица 54“ на 54 километри, која стартуваше утрово во 8 часот во Битола, во рамките на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ во организација на истоименото здружение од Битола, е Иван Радев од Македонија кој ја истрча патеката за 6 часа 47 минути и 30 секунди.
Второпласиран е Никола Илиевски исто така од Македонија со време 7 часа и 10 минути, а третопласиран е Алекдандар Војневски Еленин со време 7 часа и 39 минути.
На 54 километри жени најдобра е Лева Гриниеце од Летванија со време 8 часа и 29 минути. Второпласирана е Николета Поповиќ од Србија со време од 9 часа и 3 минути.
Во машка конкуренција на 23 километри на трката “Неолица 23“ најдобар е Александар Милевски од Битола со време 3 часа и 2 минути, второпласиран е Ацо Крстевски од Битола со време 3 часа и 5 минути и на трето место е Даниел Станковски од Македонија со време од 3 часа и 9 минути.
Во женска конкуренција на 23 километри победничка е Вера Урдаревски од Македонија со време од 3 часа и 21 минута. Второпласирана е Александра Танасовска од Македонија со време од 3 часа и 40 минути, а на трето место е Викторија Тодоровска од Макед0нија со време од 3 часа и 46 минути.
Настанот на “Нижеполе“ и прогласувањето на победниците помина во одлична организација во секој поглед, а беше организиран како и на сите големи ултра маратони во светот, а присутние имаа причика да се дружат и забавуваат со водителот Марко и ди-џеи.

Иван Радев од Македонија и Лева Гриниеце од Летванија победници на трката од 54 километри на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер и официјално ја предаде титулата, висок пораз од Вардар
- ЈКП “Вододов“ Битола: прекин на водоснабдување на дел од “Лавчански пат“
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 18 степени
- Вечерва во Битола отворен првиот градски фестивал посветен на виното (фотогалерија)
- Амбасадорката на САД во Македонија, г-ѓа Никол Варнс по посета на УКЛО Битола
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер и официјално ја предаде титулата, висок пораз од Вардар
- Пораз од МЗТ во првиот полуфинален натпревар, в недела втор натпревар во Битола (фотогалерија)
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)
- Утре полуфинале со МЗТ, Вилсон е оптимист, ова е плејоф, влогот е огромен, но можеме до победа
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија









