“Вистинска парада на гордоста” по трет па се одржа вечерва низ Широк Сокак во Битола, почнувајќи од плоштадот “Магнолија“, каде во 20 часот се собраа битолчани.
Пред битолчани на “Магнолија“ се обрати Игор Петковски, кој рече:
-Браќа и сестри, ова е “Вистинска парада на гордоста” која по трет пат се организира во Битола, а со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко… “Вистинската парада на гордоста“ се организира според начелата за кои сме: дом, семејство, родители – мајка и татк0… Тука, по трет пат, сме собрани заради нашите најмили, нашите деца и за нивната иднина.
По обраќањето битолчани одржаа и марш по Широк Сокак, кој заврши во градскит парк, каде имаше и други обраќања. 

“Вистинска парада на гордоста” во Битола, по Широк Сокак, по трет пат (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- “Мостови на пријателство – танц што обединува“ меѓуучилишен танцов натпревар во Битола (фотогалерија)
- Универзитетското студентско собрание на УКЛО Битола распиша конурс за “УКЛО тривиум 2026“
- Нова планинска патека на Пелистер, од Цапари до Цапарска пресека





