-Детска“Trailko“ трка на живописната стаза на падините на Баба планина, Ниже поле каде трчаа и се натпреваруваа “пеперутки“, “лисици“, “волци“ трка 300 м и “мечки“ на 450 метри.
Деца распоредени во овие категории според возраст и пол кои на крај добија медали и се разладуваа со сладоледи на “Цермат“.
-Организаторите се погрижија за највисок степен на безбедност за сите учесници на трката.
Денес во зимско летниот туристички центар Ниже поле беше весело, но и возбудливо за оние деца и родители кои се натпреваруваа на Детската “Trailko“ трка која ја организира тимот на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ кое здружение ја потикнува и промовира љубовта кон спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот “PELXTR – Pelister Xtreme Trail Running“ од Битола. Здружението е член на “ITRA“. Но покрај учесниците на детската трка имаше и голем број вљубеници на планината, спортот и уживаа во убавиот поглед кои се пружа кон планината.
Ако вчера за официјалниот дел на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола натпреварувачите трчаа по ексремни услови, по многу топло време, денес дечињата на втората по ред детската “Trailko“ трка, на ски-патеката “Ниже Поле“, трчаа по поладно време.
На последниот трет ден најмладите имаа одлични услови, какви може само да се посакаат на планина. Патеката за трка беше маркирана на ски-патеката кај летно-зимскиот центар Ниже Поле, со кој стопанисува ЈП “Стрежево“, а со цел прегледност на сите учесници и поголема безбедност на малите учесници.
-Најмладите наши сограѓани, во рамките на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ имаа ретка прилика, оваа година по втор пат, да се натпреваруваат во класична планинска трка. Оваа година имаше четири трки за деца родени 2018 и 2019 година (пеперутки), деца родени 2016 и 2017 (лисици) и за деца родени 2014 и 2015 година (волци) и тоа во машка и женска конкруренција. Новина беше трката за деца родени 2012 и 2013 година (мечки) на 450 метри, а ја поставивме по барање на родителите кои сакаа и нивните деца да бидат вклучени во овој настан, рече Ненад Лазиќ директор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“.
Родителите среќни, ги бодреа своите деца да издржат, на патеката која сепак е планинска и имаше и искачувања и удолнини, но и да се вратат на патеката по паѓањето на тревата односно да продолжат и да не се откажуваат лесно.
Наташа Алабаковска – Апчевска која дојде со двете свои ќерки натпреварувачи на детска трка кажа:
-Еве и оваа година учествуваме на детската трка со моите две ќерки Ана и Михаела кои ќе трчаат во две категории Михаела „Лисици“ трка на 300 метри и Ана на 450 метри во категорија „Мечки“. Ана освои трета награда во трката на 450 м. Се разбира дека најважно е да се учествува и да се издржи до крај до целта. Со тоа се мотивираат децата на издржливост, упорност и да не се иоткажуваат во животот. Сепак најважно е ние како родители да ги насочуваме на љубов кон спорт, дисциплина и здрав начин на живот. Јас како родител се трудам да биде така.
Малиот Андреј реагираше како и секое дете. Иако не освои медал и беше разочаран рече дека сака пак да трча и со другите деца и да ги победи, а кога неговите му рекоа дека не може така додаде дека ќе трча низ публиката.
На крајот на трката сите учесници добија медал како сеќавање на трката, а беа доделени и уникатни награди за најбрзите 3 во нивните категории.
За најмалите, нивните родители и сите гости имаше музичка програма, уникатна атмосфера и дружење, игри за деца. Евент водител беше Марко Новевски кој цело време во свој стил ги бодреше учесниците и им даде храброст и поттик на најмалите и најмилите.
Целиот настан претставува поттик на децата од најмала возраст да спортуваат, трчаат, планинарат.
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска











