Press "Enter" to skip to content

Ракометни гиганти повторно во Битола, Ангеловски по жеребката: одговорност повеќе за сите нас да покажеме уште повисоко ниво

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер од Битола попладнево ги дозна ривалите во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.

“Пелистерци“ ќе играат во групата “А“ и ќе играат против екипите на Висла Плоцк, Веспрем, ПСЖ, Фредериција, Фуксе Берлин, Спортинг Лисабон и Динамо Букурешт.

Во “Б“ групата се  Алборг, Магдебург, Барселона, Келце, ПИК Сегед, Нант, Загреб, Колстад.

Битолската публика во “Боро Чурлевски“ на 11 или 12 септември ќе има одлична можност да види дел од најсилните европски тимови, а тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски по дознавањето на противниците рече:

-Повторно сме во кремот на европскиот и светскиот ракомет и повторно звездата ќе свети во Битола и во Македонија. Иако шампионот на Македонија беше под линијата која гарантира директно учество во Лигата на шампионите, ЕХФ ја препозна нашата клупска сериозност. Благодарение на нашата целокупна организација на натпревари од највисок ранг, на нашата прекоректна публика, заедно со нашите верни навивачи “Чкембари“, кои секогаш несебично не бодреа до последна секунда и на крај искрено ја честитаа победата на гостите, сосема заслужено ни ја додели “вајлд-картата“ за повторно учество. Ова е само една одговорност повеќе за сите нас да покажеме уште повисоко ниво во сите сегменти од нашиот спорт, вклучувајќи ги и резултатите. Ова е еден огромен чекор напред и со играњето во Лигата на шампионите на македонскиот шампион, успеавме да го задржиме континуираното играње на македонскиот шампион во најдоброто натореварување.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »