Press "Enter" to skip to content

Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер, по една година се враќа во Битола

Денес преку соопшение ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола го потврди големото враќање на Усама Хосни одличниот десен бек од Тунис, една сезона мината во Кувајт, одново ќе го носи „зелено-белиот“ дрес.

-Ни претставува особено задоволство да најавиме едно големо враќање. По само една сезона пауза, тунискиот репрезентативец Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. 31-годишниот десен бек потпиша договор на една сезона и наскоро го очекуваме во Битола. Хосни го носеше дресот на Ал-Араби во сезоната 2023/24, откако со нашиот клуб ја освои титулата сезона претходно. Освен во Македонија и Кувајт, Хосни настапуваше во својата земја, во Франција и Катар, соопштија од Еурофарм Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »