Press "Enter" to skip to content

Анастасија Ристевска од Пелистер Волеј од Битола дел од репрезентацијата на Македонија на балканското првенство

Пелистер Волеј од Битола во континуитет, еве веќе цела една деценија продолжува да лансира нови репрезентативки од своите редови со што покажува дека има една од најдобрите школи за одбојка во Македонија.Битолчанката Анастасија Ристевска од редовите на Пелистер Волеј беше дел од репрезентацијата на Македонија на балканскиот шампионат – У18. Таа се најде на списокот откако претходно заедно со своите соиграчи од битолски Пелистер, Билјана Јаковлевска и Лиле Лозановска одработија еднонеделни припреми во Струмица од каде замина за Тирана, Албанија, додека останатите две наши одбојкарки овој пат не го минаа филтерот.

Македонија забележа две победи и два порази и во силна конкуренција како што е секогаш на балканијадите, заврши петтопласирана на турнирот за одбојкарки родени 2007-ма и помлади.Ова не е прво учество на Анастасија Ристевска во дресот на Македонија, а со оглед на нејзината одлична форма и како таа напредува веројатно уште долго ќе ја гледаме кога станува збор за репрезентацијата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »