Press "Enter" to skip to content

Празнична вечерна богослужба во манастирот Слепче по повод канонизацијата на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска (фотогалерија)

Македонската православна црква Охридска Архиепископија, Преспанско-Пелагониската  Епархија и манастирот “Св. Јован Претеча“ Слепче попладнево ја започнаа канонизацијата на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска.По повод свечената манифестација на канонизацијата на Светата преподобномаченичката Стефанида Битолско – Скадарска од Битола и Скадар во манастирот Слепче беше отслужена свечена вечерна служба со пет лебови – петолебие.Службата ја предводеше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Петар од преспанско-пелагонската епархија.Прославата за  впишувањето на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска во списокот на Светите започна попладнево со вечерна богослужба, а заврши со последен Парастос за Светителката, односно последната комеморација.На вечерната служба на Светата преподобномаченичка Стефанида присуствуваат високи црковнодостојници на МПЦ-ОА и на СПЦ, свештенослужители, како и на голем број високи црковни делегации од странство, монаштво и верен народ.За време на службата, големиот број на верници се поклунуваа и оддаваа почит на дел од моштите на Света Стефанија.Светата хиерархиска литургија ќе биде отслужена на 30 јуни во 9 часот наутро во црквата “Свети Димитрија“ во Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »