Во рамките на заедничката иницијатива за поддршка на училишните библиотеки, “Јавен Адвертајзинг“ од Битола во соработка со СОСУ “Св. Кирил и Методиј“ Охрид успешно донираа над 1000 книги на англиски јазик за основно образование во повеќе основни училишта во Битола и околината.
Оваа значајна донација има за цел да ја поттикне љубовта кон читањето кај младите ученици и да ги збогати училишните библиотеки.
Донацијата опфати неколку основни училишта, меѓу кои:
-ОУ „Стив Наумов“ – Битола, ОУ „Климент Охридски“ – Битола, ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, ОУ „Кирил и Методиј“ – Битола, ОУ „Даме Груев“ – Битола, ОУ „Коле Канински“ – Битола, ООУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, ООУ „Елпида Караманди“ – Битола, ОУ „Гоце Делчев“ – Могила и ООУ „Браќа Миладиновци“ – Добрушево.
-Целта на оваа иницијатива е да се обезбедат дополнителни квалитетни образовни материјали на англиски јазик, кои ќе им помогнат на учениците да го подобрат своето културно и јазично богатство и да развијат љубов кон читањето. Оваа донација
е важен чекор кон унапредување на образовниот процес во нашата заедница, вели Ана Ристевска од “Јавен Адвертајзинг“ од Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”2042″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






