Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес промовира ново засилување, а се работи за Александар Ристевски, кој ќе ја предводи одбраната во новата сезоната која е на прагот.
Пелистер, како соопштија од Управата, одлучи да се засили во сите линии, и тоа да го направи со комбинација на млади и искусни фудбалери, домашни сили и интернационални, а овој пат се договорија со Александар Ристевски, кој е “дете на клубот“. Со доведувањето на Ристевски, Пелисер доби на искуство, квалитет и лидерство во одбранбениот ред.
Александар Ристевски има 31 година, а во Битола доаѓа од тимот на Брера Струмица, а во својата прволигашка кариера има настапувано за домашните клубови Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Струга Трим Љум, Работнички и Брера, како и за Влазнија во албанското првенство.










