Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: дечко и девојка меѓусебно се пријавиле за физички напад

На 07.07.2024 во СВР Битола, 35 годишна жена од Битола пријавила дека во близина на ноќен клуб на Градското шеталиште во Битола била физички нападната од страна на 35 годишник од Прилеп со престојувалиште во Битола, со кого била во љубовна врска.

Исто така, во СВР Битола дечкото  пријавил дека кај Градското шеталиште во Битола бил физички нападнат од страна на неговата девојка.

Во врска со настанот полициски службеници од СВР Битола, кај Градското шеталиште го лишиле од слобода дечкото, во врска со чл. 4 и 13 ст2 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

По документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци

More from ВестиMore posts in Вести »