Press "Enter" to skip to content

Габриел, Натаниел и Давид “прекомандовани“ од младинци во професионалци

Управата на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола покрај тоа што доведе искусни фудбалски имиња во тимот паралелно направи професионални договори со тројца членови од младинскиот тим, се со цел да се обезбеди фудбалската иднина во Битола од сопствен кадар.

Младите Габриел Крстевски, Натаниел Димовски и Давид Ангелевски потпишаа професионални договори и зелено-белиот дрес ќе го носат во следните три сезони.

-Нашиот процес на доведување на проверени имиња за сениорската екипа го надополнуваме со потпишување на договорите и имплементирање во првата екипа на најквалитетните момчиња од школата на клубот. Ни претставува  голем чекор напред и гордост на клубот и градот што можеме да се пофалиме со потпишување на договорите со Габриел Крстевски (17), Натаниел Димовски (17) и Давид Ангелевски (16) на три сезони, заклучно со јуни 2027 година.  Тројцата се репрезентативен калибар, настапуваат за соодветните репрезентации, меѓу најдобрите на своите позиции и претставуваат гордост на клубот и градот. Некои од талентите веќе дебитираа за сениорската екипа, други ги чека огненото крштевање оваа сезона,  велат од клубот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »