Press "Enter" to skip to content

“Ех, таа серенада”- Втор по ред Фестивал на серенада на плато Офицерски дом Битола

 Прекрасна ѕвездена летна ноќ, јули месец…

“Дојди кај што цутат липите“, “Јас од мерак боледувам“, “серенада љубовна“… Се слушаа зборовите на новите серенади

Како создадена за Фестивалот на серенада “Ех таа серенада“ и новите серенади.

Со препознатливите романтични звуци, мелодија и зборови оние кои присуствуваа се вратија во време на пајтони, серенади, мерак, љубов, разделби. Односно враќање на традициите карактеристични за конзулска Битола, на серенадата како музички жанр, по кој е препознатлива БитолаВљубениците на  серенади и староградска музика уживаа во новите серенади кои синоќа се изведоа во преубавиот амбиент на плато Офицерски Дом во Битола.

“Ех таа серенада“  фестивал во кој изведувачите настапуваа во живо, пратени од Камерниот оркестар на Битола. Сите шеснаесет нумери нови и авторски и тоа е значаен чекор во зачувувањето на традицијата на македонската музика, на серенадата. Водителски пар Јулијана и Васко Мавровски ги најавуваа песните низ стихови, зборува за пајтоните, ергените кои љубовта преку песна ја носеле до срцата на битолските чупи, пеејќи по сокаци, под пенџери и балкони, а како некои велат секогаш добредојдени, иако тоа во тоа време и го  премолчувале… “Ех таа серенада“  фестивал во кој изведувачите настапуваа во живо, пратени од Камерниот оркестар на Битола . Сите шеснаесет нумери нови и авторски, и тоа е значаен чекор во зачувувањето на традицијата на македонската музика, на серенадата и на традицијата која некогаш била присутна во Битола. Синоќа публиката можеше да ги слушне новите серенади, уживаше во изведбата на истите и изведувачите ги наградуваше со долг аплауз. Битолскиот Камерен оркестар, беспрекорно ги придружуваше и легендарните македонски музичари и ѕвездите во подем избрани преку претходно објавен конкурс за фестивалот. Серенадите и изведувачите беа:

“ДОЈДИ КАЈ ШТО ЦУТАТ ЛИПИТЕ“- Горан Тодороски

“ЈАС ОД МЕРАК БОЛЕДУВАМ“- Група МАРИФЕТ

КАЖИ, КАЖИ, ШИРОК СОКАК“ Група ДЕСПИНА

“ГОСПОЃА МАРИЈА“ Игор Илиевски

“СТАРИОТ ТРУБАДУР“ Нино Величковски

““ДУШО НЕВЕРНА“ Јасмина Миленковска Ивановска

СЕРЕНАДА ЉУБОВНА“ Трио Џентлмен“

ВО ДРУГ СОКАК ПО ДРУГА ЗАМИНА“ Наде Талевска“

ДАЛИ ТЕ ЗАСЛУЖУВАМ“Никола Зацески

“ПО ТЕБЕ ДОЈДОВ ВО БИТОЛА“ Димитар Андоновски

“ТРИ КУФЕРИ“Велчо Петровски – Папал

“ПЕСНАТА ЌЕ ОСТАНЕ“Мишко Крстевски

“НЕ БАРАЈ МЕ“Раде и Тoни Стаматови

“ПЕСНА ЗА ЉУБОВТА“ Милаим Шукри Овој фестивал го враќа сјајот на Битола, како најопеаниот град. Исто така е и настан што не само што ја прослави музиката туку и го истакна потенцијалот на Битола како културна и туристичка дестинација. Бројна домашна публика, но и гости-туристи во градот го проследија овој фестивал.

Фестивалот “Ех, таа серенада” се организира со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Текст: Жанета Ристевска

Фото: Јован Илиевски

More from БитолаMore posts in Битола »