Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден моторциклист на патот за Брусник

На 12.07.2024 во 20.05 часот во СВР Битола, било пријавено дека на пат за с.Брусник, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 43 годишен битолчанец и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 61 годишник од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »