Press "Enter" to skip to content

Виктор Ташовски доаѓа во КК Пелистер, потпиша едногодишен договор

Нов член на тимот на КК Пелистер од Битола е Виктор Ташовски. Младиот битолчанец кој играше одлично во редовите на ТФТ кариерата ќе ја продолжи во Пелистер, а потпиша едногодишен договор за соработка.

Професионалната кариера Ташовски ја започна во тимот на Вардар во сезоната 2018/19, а најдолго се задржа во ТФТ Скопје за којшто одигра четири сезони, а токму од ТФТ доаѓа во Битола. Ташовски исто така има настапувано и за Македонската Репрезентација во младинските категории.

Виктор Ташовски е роден 2001 година во Битола, висок е 185 cm и може да игра на позициите 2 и 3. 

Минатата година за тимот на ТФТ настапи на 30 натпревари во домашното првенство и во АБА2 лигата, и за 24 минути поминати на паркетот во просек забележуваше по 12 поени, 4 асистенции и 2 скокови.

Ташовски со Пелистер потпиша едногодишен договор.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »